Поврзете се со нас

Германија

Баерн го потврди трансферот на голем австралиски талент

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен денеска го комплетираше трансферот на Нестори Иранкунда, 17-годишниот австралиски крилен играч кој се наметна кај скаутите со одличните настапи во редовите на Аделејд.

Иранкунда ќе се пресели во редовите на Баерн по 1. јули, 2024 година, бидејќи ФИФА правилата не дозволуваат да се пресели во германскиот клуб пред да наполни 18 години.

– Го имавме Нестори на радарот подолго време и среќни сме што го комплетиравме договорот со него и неговиот клуб Аделејд.

– Се работи за исклучиво брз крилен фудбалер, со одличен дриблинг и добра завршница кон противничкиот гол, сигурни сме во неговиот потенцијал, – изјавил Јохен Зауер од младинската академија на Баерн.

Иранкунда е роден во Танзанија, но со семејството се преселил во Австралија како тримесечно бебе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни