Поврзете се со нас

Германија

Баерн го потврди ангажманот на „шпанскиот бисер“ и објасни зошто се реши за изненадувачки трансфер (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/GranadaCF

Како гром од ведро небо притистигна информацијата дека Баерн Минхен уште во декември го договори првото летно засилување за следната сезона, а 12 часа по ексклузивата на Шпанците, дојде потврда од двата клуба за комплетирање на зделката.

Брајан Сарагоса се истакна како откровение на стартот на сезоната во Ла Лига и веќе доби повик за шпанската фудбалска репрезентација, но најдобриот играч на Гранада од следната сезона ќе го има најголемиот предизвик во својата кариера.

Германскиот великан Баерн Минхен реши да ги „претекне“ шпанските фудбалски клубови и со брза понуда комплетираше изненадувачки трансфер, чија висина изнесува 15 милиони евра.

Баерн ќе исплати фиксни 13 милиони евра на Гранада, но во договорот се вклучени уште 2 милиони евра во вид на бонуси. Двата клуба го потврдија трансферот кој ќе се активира од 2024-та година, со напомена дека Брајан оваа сезона ќе ја доврши во Гранада како позајмен фудбалер.

– Брајан Сарагоса е силен, многу брз и исклучително агилен крилен напаѓач кој може да се користи на двете страни. Тој е непредвидлив, опасен и многу добар во ситуации еден на еден. Тој оваа година веќе дебитираше за шпанската сениорска репрезентација и има голем потенцијал. Брајан е едно од „жешките момчиња“ на шпанскиот фудбал и долго време е на нашиот радар. Тој ќе ги прошири нашите офанзивни опции. Му посакуваме успех со Гранада до крајот на сезоната и со нетрпение очекуваме да ни се придружи на лето, – објасни спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни