Баерн го освои Истанбул и го завери пласманот во четвртфиналето на ЛШ (Видео)

baern

Најдобриот германски фудбалски состав, Баерн Минхен е седмиот патник во четврфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва по втор пат го надигра Бешикташ.

На првиот меч во Минхен бундеслигашот славеше со 5-0, додека пак вечерва не беше толку расположен и славеше „само“ со 3-1 и со вкупни 8-1 дојде до Топ 8 во елитното натпреварување. Алкантара,  Ѓонул (автогол) и Вагнер стрелаа за гостите, додека кај домаќините во листата на стрелци се запиша Лав во 59 минута.

Освен Баерн досега во четвртфиналето се пласираа Реал Мадрид, Ливерпул, Севилја, Рома, Манчестер Сити и Јувентус. Последниот патник ќе го дознаеме по дуелиот меѓу Барселона и Челси (1-1).

Facebook Коментари