Поврзете се со нас

Германија

Баерн го ослободи Демикелс и му дозволи да си го исполни сонот (Фото)

Објавено

на

Баерн Минхен денеска ја информираше јавнсота дека го ослободува од своите обврски Мартин Демикелис, легендарниот аргентински стопер кој до овој момент ја извршуваше функцијата тренер на вториот тим на баварскиот великан.

Поранешниот дефанзивец се калемеше како тренер веќе некое време во клубот во кој ги мина најдобрите играчки денови, но сега Германците постапија како вистински џентлмени и воопшто не му попрачија во намерата да си го исполни сонот.

Демикелис ќе го има првиот сериозен предизвика како тренер во својата кратка кариера како фудаблски стручњак, бидејќи се враќа во клубот во кој започна се.

Мартин својата професионална играчка кариера ја започна во Ривер Плата, а сега ќе биде тренер на аргентинскиот фудбалски великан кој измиантиве денови имаше емотивна разделба со Марсело Галјардо.

Во својата кратка објава, Баерн извести дека Демикелис заминува во Аргентина и му посака многу среќа, но исто така посочи дека негов наследник ќе биде Холгер Сајц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни