Поврзете се со нас

Германија

Баерн го купи голманот кој беше препорачан од Нојер (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Баерн Минхен како клуб полека се подготвува за следната етапа во својот прв тим, односно за пост-ерата Мануел Нојер која сигурно нема да биде воопшто лесна.

Легендарниот чувар на мрежата во најскоро можно време ќе потпише нов едногодишен договор со клубот и ќе биде активен прв голман и во 2026-та година, но пред да дојде до тоа, клубот на неговото барање го купи талентираниот чувар на мрежата кој беше препорачан токму од Ману.

Баерн Минхен денеска официјално потврди дека го купил талентираниот голман на Келн, 21-годишниот онас Урбиг.

Станува збор за перманентен трансфер во времетраење од четири ипол години, операција која вклучува фиксни 7 милиони евра, како и дополнителни 3 милиони евра во вид на бонуси.

Урбиг е прв голман на младинската селекција на Германија и веќе подолго време е следен од најголемите клубови, а како по обичај, Баерн беше најбрз со реакцијата, откако зелено светло за целата операција даде и Нојер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни