Поврзете се со нас

Германија

Баерн го искористи киксот на Лајпциг и стави една рака на титулата, Шалке и официјално испадна од лигата

Објавено

на

Екипата на Баерн Минхен опасно се доближи до нова титула во Бундеслигата откако со сигурно 2:0 славеше на натпреварот против Баер Леверкузен.

Избраниците на Ханси Флик работата ја завршија уште во првото полувреме во кое ги постигнаа двата гола преку Чупо Мотинг и Џозуа Кимих.

Баерн доминираше во првиот дел, додека во второто полувреме Леверкузен ја имаше доминацијата, но не успеа да стигне барем и до почесен погодок.

Претходно Лајпциг киксираше и загуби од Келн, па сега Баерн Минхен е на големи десет бода во однос на својот прв конкурент и потребна му е само уште една победа на последните четири средби за и математички да ја обезбеди титулата која е и повеќе од извесна.

Екипата на Шалке 04 после долги години поминати во Бундеслигата од следната година ќе игра во Цвајте откако денеска загуби од Арминија Билефелд и ги загуби сите шанси за опстанок во лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни