Поврзете се со нас

Англија

Баерн го добива првото бомбастично засилување, Германците го издвоија најдоброто од играчот за кој се „тепаше“ пола Англија

Објавено

на

Foto:x.com/CPFC

Баерн Минхен се реши да работи во полна пареа додека сите останати се фоксуирани на натпреварите на Европското првенство, па тоа им овозможи на баварците да го ангажираат и првото бомбастично засилување за Венсан Компани.

По Хироки Ито, на „Алијанц арена“ во најскоро можно време ќе парафира и Михаел Олис, откако Баерн на крајот сепак одлучил да преговара со Кристал Палас за да ја намали цената.

Утрово беше пренесено дека баварците ќе ја исплатат откупната клаузула вредна 65 милиони евра, но последната информација која доаѓа од Германија вели дека двата клуба седнале на маса и склучиле договор за 60 милиони евра.

Олис брилјираше со своите настапи за Кристал Палас изминатава сезона и тоа му донесе понуди од неколку англиски великани, па иако за него се тепаа Челси, Јунајтед и Њукасл, на крајот Французинот го бира Баерн како идна дестинација.

Младиот 22-годишен фудбалер ќе биде прво звучно засилување за Компани, а се погласни се шпекулациите дека Баерн нема да штеди и за Хакан Чалханоглу кој е пикиран како следно бомбастично засилување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни