Поврзете се со нас

Германија

Баерн ги подготви првите две летни засилување, едно е легенда на Борусија Дортмунд (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Баерн Минхен затвори една потпросечна сезона за свои стандарди и на доста среќен начин успеа да стигне до титулата во Бундеслигата, користејќи го киксот на Борусија Дортмунд во последното коло.

И покрај освоениот трофеј, главите кај баварскиот великан почнаа да летаат уште во првиот час по случувањата во Дортмунд и Келн, а отпуштањата на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ комплетно ја менуваат трансфер политиката на клубот.

Карл Хајнц Румениге се врати во клубот и заедно со Томас Тухел и останатите менаџери ќе има главен збор околу трансферите, кои многу брзо ќе почнат да се реализираат на „Алијанц арена“.

Најдобро упатените германски медиуми тврдат дека Баерн веќе ги договорил првите две летни засилувања и истите ќе бидат презентирани во наредните неколку дена, а станува збор за Конрад Лајмер кој е договорен уште пред два месеци, како и Рафаел Гереиро.

Вториот фудбалер привлекува далеку поголемо внимание во јавноста, од едноставна причина што станува збор за легенда на Борусија Дортмунд. Гереиро мина седум години во Дортмунд и беше испратен со сите почести, но јасно е дека сега ќе ги разочара фановите на овој клуб откако ги договорил сите детали за трансфер во Баерн до 2026-та година.

Искусниот дефанзивец доаѓа како слободен агент, што значи дека Баерн нема да исплати ниту едно евро за неговиот ангажман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни