Поврзете се со нас

Германија

Баерн дозна колку пари ќе мора да издвои за играчот кого го посакува од минатата година

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен тргнува во нов проект кој ќе биде предводен од Венсан Компани кој изненадувачки ја доби улогата да биде тренер на екипата по катастрофалната сезона, сезона во која великанот остана со празни раце во сите натпреварувања.

Се најавуваат сериозни промени во играчкиот кадар, а тоа значи ќе пристигнат и нови играчи со тоа што Баерн има една стара-нова трансфер цел и тоа е Жоао Палиња.

Португалецот требаше да се пресели на „Алијанц Арена“ минатото лето, но тој трансфер пропадна во последен момент и потоа играчот потпиша нов договор до 2028 година. Сега Баерн одново притиска за него, меѓутоа ќе мора многу повеќе да се потруди, да го отвори ќесето ако сака да ги добие неговиот потпис.

Имено клубот од Минхен понудил 30 милиони фунти, понуда која експресно била одбиена затоа што според „Скај Спортс“ премиерлигашот бара 60 милиони фунти.

Ова значи дека голема е разликата меѓу двете страни, па останува да се види дали „баварците“ ќе продолжи да притискаат и ќе ги исполнат барањата на Фулам затоа што ќе треба да бидат издвоени средства и за други засилувања како замена (поддршка) за Хари Кејн, а тука е и случајот со Алфонсо Дејвис кој е интересен за Реал Мадрид што значи дека ако и тој си замине ќе мора да се пополни таа празнина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни