Поврзете се со нас

Германија

Баерн донесе конечна одлука за ангажирањето на Боатенг

Објавено

на

Foto:fcbayern.com/en

Џером Боатенг цела недела тренираше со првиот тим на својот поранешен клуб Баерн Минхен, но сепак нема да се врати во редовите на германскиот првак.

Баварците сериозно размислуваа да го ангажираат ветеранот поради проблемите со своите дефанзивци, но денеска стана јасно дека се откажале од ваков потег.

Германските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот бил разочаран од одлуката, бидејќи првично му било ветено дека исходот ќе зависи од неговите перформанси на тренинзите.

На крајот, Баерн се повлече, а очигледно причината е фактот што Боатенг е среде судски процес во кој е обвинет за семејно насилство.

Боатенг настапуваше за Баерн меѓу 2011 и 2021 година и има 363 настапи за бундеслигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни