Поврзете се со нас

Германија

Баерн донел одлука за голманското прашање, Тухел со „вето“ за Де Хеа

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен се најде во незгодна ситуација во однос на голманската позиција, пред се поради одлагањето на претходно најавениот кам-бек на Мануел Нојер.

Германскиот првак му дозволи на Јан Зомер да замине во Интер и остана со Свен Улрајх, па во меѓувреме размислуваше за засилување на оваа позиција, за на крајот да биде донесена дијаметрално спротивна одлука.

Томас Тухел ставил „вето“ на преговорите со Давид Де Хеа и Баерн дефинитивно се повлекол од таа идеја, додека Стефан Ортега од Манчестер Сити се покажал како невозможно сценарио поради комплицираните преговори со англискиот клуб.

На крајот, Тухел решил да не бара нов голман, имајќи ја предвид најновата информација дека Нојер може да се врати за неколку недели, а во меѓувреме следува и пауза поради настапите на репрезентациите.

Тоа значи дека Улрајх ќе ја добие довербата за наредните неколку натпревари, додека Нојер ќе се врати веднаш штом е фит за да ја преземе позицијата во стартната постава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни