Поврзете се со нас

Германија

Баерн договори уште една премиерлигашка ѕвезда: Компани го добива несуденото засилување на Тухел

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен работи во полна пареа на стартот на летниот преоден рок, па додека останатите клубови ја чекаат разврската од Европското првенство, директорите на германскиот клуб веќе финишираа неколку операции.

Макс Еберл како одговорен за спортскиот проект на Баеррн сериозно си ја сфати работата, бидејќи покрај потврдата на Хироки Ито од Штутгарт, успеа да договори и две прермиерлигашки засилувања.

Германските медиуми пред десет дена ги пренесоа сите детали за договорот меѓу Баерн и Кристал Палас за Михаел Олис, а ова попладне топ тема во Германија е постигнатиот договор за Жоао Палиња.

Дефанзивниот играч за врска одигра извонреден натпревар против Словенија и беше посебно пофален од селекторот Роберто Мартинез, но само два дена подоцна, конечно ќе го реализира трансферот кој му беше одложен пред една година.

Баерн ги договорил сите детали со Фулам и трансферот ќе изнесува фиксни 51 милиони евра, со тоа што англискиот клуб од бонуси може да добие уште 5 милиони евра.

Ова го прави Палиња најскапа продажба во историјата на клубот од Лондон, а Венсан Компани на крајот го добива несуденото засилување на Томас Тухел кое беше пред промоција во Минхен и на крајот на минатиот летен преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни