Германија
Баерн договори продолжување на соработката со уште една ѕвезда и ги воодушеви своите фанови

Раководството на Баерн Минхен ќе испорача уште една позитивна вест за своите фанови, откако успеа да договори продолжување на соработката со многу важен фудбалер.
Откако го забетонира статусот на Дејвис и Мусиала, Баерн добил зелено светло за нов договор и од агентите на Џозуа Кимих, кој решил да остане во Минхен и наредните години.
Последните вести од Германија беа дека Баерн ја повлекол понудата и се поизвесна е разделбата со Кимих, но на крајот се случи пресврт и германскиот репрезентативец уште долго ќе го носи дресот на бундеслигашот.
Кимих имал конкретна и атрактивна понуда од ПСЖ, за него се интересираа и великани од Шпанија и Англија, но 30-годишниот фудбалер сепак му дава предност на Баерн и очекувано е да го носи дресот на оваа екипа и до крајот на кариерата.
Новиот договор на Кимих ќе биде до 2029 година.
-
Англија24 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија13 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини