Германија
Баерн договори нов стопер, но прво мора да го продаде Де Лихт
Баерн Минхен во последните неколку дена напорно работи со чистка на играчите кои се сметаат за „прекубројни“ во првиот тим, а еден од оние на кои не смета тренерот Венсан Компани е и Матијс Де Лихт.
Баерн веќе се договори со Валенсија за заем на Брајан Сарагоса на „Месталја“, но пред да дојде до официјална потврда на оваа информација, баварците успаеја да договорат уште едноо засилување, кое ќе се реализира само во еден случај.
Покрај Сарагоса, Баерн навистина има сериозна намера да се ослободи и од Де Лихт, за кого чекаат добро скоцкана понуда од англискиот великан Манчестер Јунајтед.
Баерн веќе ја има договорено замената за Холанѓанецот и само чека продажба на поранешниот стопер на Јувентус, од кого очекува да заработи околу 40 или 50 милиони евра.
Баварците како негов наследник го имаат договорено Џонатан Та од Баер Леверкузен, па иако двата клуба си имаат подадено рака за 30 милиони евра, операцијата ќе се комплетира откако ќе се испразни едно место во одбраната на германскиот великан од „Алијанц арена“.
-
Лига на шампионипред 10 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 23 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 12 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 22 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 10 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Шпанијапред 12 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Англијапред 22 часа
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Англијапред 21 час
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……