Поврзете се со нас

Германија

Баерн договори дефанзивец од ривал во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен имаше катастрофална сезона во која остана со празни раце во Германија и во Лигата на шампионите по што стана јасно дека ќе има големи промени во текот на летниот преоден рок.

Баварците веќе го решија прашањето околу тренерот со назначување на Венсан Компани, па сега Белгиецот во соработка со управата, оперативците треба да состават тим кој ќе биде конкурентен и ќе одговори на сите предизвици во кампањата 2024/2025 и понатаму.

Клубот од Минхен се реши да игра на проверена карта и се реши да „брка“ играчи од Бундеслигата, па веќе се обидува да го добие Џонатан Та од Баер Леверкузен со тоа што во меѓувреме затвори зделка за друг дефанзивец.

Се работи за 25-годишниот член на Штутгарт, Хироки Ито кој се очекува да потпише петгодишен договор. Поранешниот германски шампион ќе ја активира откупната клаузула вредна 30 милиони евра и Јапонецот ќе слета на „Алијанц Арена“.

Тој е универзалец, може да игра како стопер, но и како лев бек што е додадена вредност која многу се почитува во денешниот фудбал.

Во сезоната 2023/2024 настапи на 29 натпревари и забележа 2 асистенции. Ито е во германскиот фудбал од 2021 година, се наметна со своите изданија и сега го прави трансферот на кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни