Поврзете се со нас

Германија

Баерн делува навистина моќно: Баварците изрежираа спектакуларна акција, Левандовски стана „штикла“ мајстор (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен продолжи со супериорните изданија во Бундеслигата, а оваа вечер тоа на своја кожа го почувствува и тимот на Фортуна Дизелдорф кој уште на стартот беше осуден на пропаст.

Баварците тргнаа фуриозно на „Алијанц арена“ и само прашање на време беше кога ќе падне првиот гол, па силниот притисок резултираше со автогол на Јоргенсен за 1:0. Тоа се случи во 15-та минута, и набрзо после тоа, следуваше гол на Бенжамин Павар за зголемување на водството.

Пред крајот на првиот дел, го видовме најубавиот момент на мечот, кога моќниот Баерн изрежира фасцинантна акција која заврши со гол на Левандовски. Полјакот ја започна акцијата со одличен пас со пета, а во продолжение во шоуто се придружија и Кимих и Милер кој на крајот беше асистент.

На почетокот на вториот дел, Левандовски потврди дека на овој меч е „штикла“ мајстор постигнувајќи и гол со пета, а до крајот, во листата на стрелците се запиша и Алфонсо Дејвис кој ги постави конечните 5:0.

Со четвртата победа од рестартот, Баерн отиде на плус десет во однос на Борусија Дортмунд, но „милионерите“ утре го играат својот меч со Падерборн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни