Поврзете се со нас

Германија

Баерн бара наследник на Нојер, фокусот повторно кон Серија А

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен изминатиов период ангажираше квалитетни и скапи стопери од италијанската Серија А, а очигледно се фокусира на оваа лига и во однос на голманската позиција.

Мануел Нојер неодамна го продолжи договорот со германскиот првак до 2025 година, но јасно е дека бундеслигашот веќе размислува за негов наследник, а медиумите тврдат дека во прв план е Мајк Мењан.

Новинарот Флоријан Плетенберг важи за релевантен избор во однос на германската фудбалска сцена, а сега тврди дека Французинот ќе биде приоритет на Баерн, како долгорочно решение на важната позиција.

Мењан има 28 години и важи за еден од најдобрите светски голмани, па не е големо изненадување што го привлекол вниманието на германскиот гигант.

Голманот дојде на „Сан Сиро“ во 2021 година од Лил и важи за еден од најдобрите трансфери кои „росонерите“ ги направија последните сезони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни