Германија
Баер Леверкузен се засили со фудбалер на ПСЖ
Германскиот шампион Баер Леверкузен реши да ја засили одбраната со фудбалер на ПСЖ, кој првично ќе дојде на заем.
„Лекип“ денеска потврди дека Норди Мукиеле ќе го напушти Париз и ќе ја засили дефанзивната линија на бундеслигашот, со напомена дека во договорот на двата клуба засега нема опција за откупување на договорот.
Мукиеле не добиваше сериозна минутажа кај тренерот Луис Енрике и беше јасно дека клубот нема да му прави проблеми во моментот кога ќе најде заинтересиран клуб, па затоа и ПСЖ лесно ја договорил соработката со Баер.
Французинот има четиригодишно искуство во Бундеслигата каде го носеше дресот на РБ Лајпциг, па веројатно и не му било тешко да се одлучи за ваков потег, посебно што Баер е актуелен шампион, има квалитетен состав, а ќе игра и во Лигата на шампионите.
Останува уште Мукиеле утре да ги помине лекарските прегледи за официјално да биде промовиран од „фармацевтите“, а со тоа ќе биде уште еден играч кој го напушта ПСЖ ова лето.
До крајот на преодниот рок се очекува да биде потврден и трансферот на Угарте во Манчестер Јунајтед, заминува и Екитике, а најверојатно и Милан Шкринијар за кого најзаинтересиран е Ал Наср.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија24 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет19 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)