Германија
Баер Леверкузен решил да се откаже од еден од најважните играчи во шампионскиот тим
Новиот германски шампион Баер Леверкузен почнува да ја реализира трансфер стратегијата во преодниот рок во кој тренерот Чаби Алонсо сигурно ќе се обиде да го освежи својот тим, но тоа подразбира и разделба со дел од играчите.
Германските медиуми тврдат дека „фармацевтите“ решиле да му дозволат заминување на одличниот дефанзивец Џонатан Та, кој во моментов е дел од германската репрезентација на европскиот шампионат.
Та самиот најавил дека сака нов предизвик и се шпекулира дека тоа подразбира трансфер во најголемиот ривал, Баерн Минхен, а раководството донело конечна одлука дека нема да му пречи да замине со соодветна отштета.
Договорот на дефанзивецот истекува следното лето, па Баер не сака да се доведе во ситуација да го загуби без никаква отштета, ситуација која ќе му овозможи на Баерн да го добие за помала сума од реалната на пазарот.
„Скај“ тврди дека Баерн веќе ги има договорено личните услови со Та, но сега ќе треба да преговара и со неговиот клуб и да најде компромис со оглед на фактот дека првичната проценка за неговата вредност е 40 милиони евра.
-
Италија7 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија8 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија9 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија8 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија6 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Балкан6 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Шпанија10 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Свет5 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!