Поврзете се со нас

Германија

Баер Леверкузен доведе дефанзивец од Рома

Објавено

на

foto:www.asroma.com/en

Германскиот шампион Баер Леверкузен денеска официјално го потврди засилувањето од Рома, односно новиот стопер во своите редови.

Се работи за Марио Ермосо, фудбалер кој Рома го доведе како слободен агент на почетокот на сезоната, но на крајот не ја доби посакуваната шанса во редовите на „волчицата“.

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид сега ги поминал лекарските прегледи во Германија и до крајот на сезоната ќе биде засилување за тимот на Чаби Алонсо.

Ермосо има договор со Рома до јуни 2027 година, а сезонава забележа 13 настапи за италијанскиот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни