Поврзете се со нас

Италија

Баџо со прв коментар за вооружениот напад во неговата вила: Никогаш нема да заборавам…

Објавено

на

Роберто Баџо и неговите најблиски биле жртви на вооружен напад во вилата на легендарниот фудбалер, напад кој бил реализиран за време на дуелот меѓу Италија и Шпанија на ЕП во Германија.

Додека Баџо и неговите роднини го следеле натпреварот, двајца натрапници влегле во вилата и биле забележани од поранешниот фудбалер, кој решил да им се спротивстави, за што добил удар во глава и подоцна завршил со санирање на повредата во болница.

Италијанските медиуми објавија дека вооружената група била составена од дури шест члена, а добила на време да украде голем број вредни предмети, заклучувајќи ги присутните во една од собите.

– Беше полувреме на натпреварот и наеднаш пред мене се појавија две маскирани лица. Мислев дека се само двајца и затоа решив да се конфронтирам.

– Се обидов да ги удрам за да ги заштитам моите деца и сопругата, но тогаш се појавија и други, на крајот излезе дека се шестмина.

– Бев удрен и никогаш нема да го заборавам тоа чувство на немоќ. Сега не чувствувам страв, туку многу лутина, – изјавил Баџо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни