Поврзете се со нас

Балкан

„Баделки“ остварија историска победа во Јадранската лига

Објавено

на

Кошаркарките на Бадел испишаа историја за македонската женска кошарка во регионалната ВАБА лига, откако вечерва успеаја да стигнат до прва победа во ова натпреварување.

„Баделки“ ја дочекаа својата „трета среќа“ и по двата стартни порази славеа голем триумф на гостувањето во Босна и Херцеговина, со што ја остварија првата победа за еден македонски тим во сениорска конкуренција на Јадранската лига.

Македонскиот вицешампион беше подобар од Бановичи со 57:70 и направи огромен скок на првенствената табела, на која од последното, сега се искачи на третото место.

Најавата за историската победа стигна уште во првото полувреме во кое македонските кошаркарки имаа предност од 18 поени разлика (20:38), а продолжението на мечот донесе одржување на предноста и контрола на резултатот.

Најефикасна беше Ивана Кметовска со 24 реализирани поени, следена од Александра Стојановска со 18 поени, односно Цветанка Димовска со 16 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни