Поврзете се со нас

Македонија

„Баделки“ ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа во финалето во Купот

Објавено

на

Кошаркарките на Бадел 1862 ја оправдаа фаворитската улога во првото полуфинале и се пласираа во седмото последователно финале во кошаркарскиот Куп на Македонија, кој по ново е именуван по легендарниот Благоја Георгиевски Буштур.

Премиерниот ден во СРЦ „Кале“ беше отворен со максимална доминација на „баделки“, кои уште во раната фаза од натпреварот јасно ставија до знаење дека не препуштаат ништо на случајноста.

Фаворитот отвори со 20:6, првото полувреме го завери во своја корист со 37:19, а иако тимот на Крива Паланка покажа упорност и ја доби третата четвртина, со тоа само си обезбеди попристоен пораз.

Бадел 1862 на крајот победи со 77:56 и покажа дека сака трофејот од Купот да го врати во своите витрини, откако Вардар претходно славеше во последните три изданија.

Во второто полуфинале кое е на програмата од 17:00 часот, Вардар ќе се соочи со тимот на КАМ Баскет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни