Поврзете се со нас

Свет

Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)

Објавено

на

Дебрецен освои само бод (1:1) на дуелот со Вашаш од унгарското фудбалско првенство, а петочната вечер за домашните фанови ја спаси нашиот Дориан Бабунски.

Македонскиот репрезентативец трпеливо ја чекаше својата шанса на клупата, а домашниот тренер не погреши што му овозможи да настапи во последните дваесетина минути.

Бабунски влезе во 70. минута, а петнаесет минути подоцна се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник  и ги постави конечните 1:1.

За Дебрецен ова е трето реми во серија по почетокот на новата сезона.

Голот на Бабунски можете да го видите на следниот ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни