Поврзете се со нас

Балкан

Бабунски стрелаше против ЦСКА Софија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Дориан Бабунски игра квалитетно во дресот на Ботев Враца во првата лига на Бугарија, па така денеска постигна уште еден гол и тоа во пресметката против ЦСКА Софија.

Напаѓачот се најде на вистинското место во 7 минута и ја затресе мрежата на гостите, меѓутоа токму тој погодок како да го разлути фаворитот кој во продолжението притисна, заигра на повисоко ниво и со 4-2 дојде до трите посакувани вода.

Ова за Дориан беше трет гол во дресот на Ботец Враца, тим кој пак се наоѓа на 7 место на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни