Поврзете се со нас

Свет

Бабунски соопшти лоша вест преку социјалните мрежи: Уште еден предизвик од кој ќе се вратам посилен (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/gc_zuerich

Дориан Бабунски собра два настапи на стартот на новата натпрварувачка сезона во Швајцарија, но членот на Грасхоперс не беше дел од вчерашниот пријателски меч со Баерн Минхен, по кој за жал пристигна вест за негова повреда.

Македонскиот напаѓач ќе мора да мирува во наредниот период и ќе треба максимално да се посвети на рехабилитацијата, а фактот што и самиот тој се огласи за проблемот преку социјалните мрежи, јасно укажува на тоа дека повредата не е наивна.

Бабунски доби минутажа натпрварите против Луцерн и Базел и успеа да го доигра истите, па според се изгледа, повредата ја заработил на еден од последните тренинзи.

Дориан беше на клупа на последниот меч во домашното првенство против Сент Гален, но вчера воопшто не беше повикан за пријателската со Баерн.

– За жал заработив повреда која ќе ме одалечи од терените одредено време. Уште еден предизвик кој го пречекувам со раширени раце и од кој ќе се вратам посилен. Продолжете да го поддржувате нашиот тим, потребни сте ни сите, – им порача Бабунски на навивачите на Грасхоперс.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни