Поврзете се со нас

Балкан

Бабунски со гол и асистенција донесе победа за Ботев (Видео)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец Доријан Бабунски денеска постигна важен гол за неговиот тим Ботев, најавувајќи ја победата во рамките на плејаут фазата на бугарското фудбалско првенство.

24-годишниот напаѓач влегол во игра на полувремето, а тој потег на неговиот тренер се покажа како исправен, бидејќи Бабунски го отвори резултатот против Етар со убав погодок со глава во 77. минута.

Бабунски во финишот украде една топка по грешката на гостинската одбрана, па асистираше за голот на Ивајлов во 90. минута, по што Ботев ја запечати победата со резултат 2:0.

За поранешниот член на младинската академија на Реал Мадрид ова беше прв гол во дресот на бугарскиот тим, за кого веќе го забележа единаесеттиот настап. Заслужено бил избран и за играч на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни