Поврзете се со нас

Балкан

Бабунски со два гола ја завери новата победа на Ботев Враца (Видео)

Објавено

на

Доријан Бабунски постигна два гола за Ботев Враца во гостинската победа над Локомотив Пловдив (2:4), па очекувано бил избран и за играч на натпреварот од бугарското првенство.

Македонскиот интернационалец продолжи со одличните настапи во редовите на Ботев, екипа која полека ја напушта опасната зона на табелата во бугарскиот шампионат, а денеска ги постигна првиот и третиот гол во Пловдив.

Бабунски го отвори резултатот во 10. минута од пенал, а во вториот дел убаво го надмудри домашниот голман за резултат 1:3, кој се покажа и како доволен за заверка на трите бода од страна на Ботев.

Од почетокот на сезоната, Бабунски постигна 10 гола на 18 натпревари во бугарското првенство, па и не е изненадување што повеќе клубови се заинтересирани да го ангажираат уште во зимскиот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни