Поврзете се со нас

Балкан

Бабунски промаши пенал, битката со Зајков заврши без победник (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативеци, Ѓоко Зајков и Дориан Бабунски ги поделија бодовите во денешната пресметка на нивните Левски и Ботев Враца во првата лига на Бугарија.

Средбата заврши без победник, без голови иако мора да се напомене дека имаше шанси за гол со тоа што една од најголемите ја пропушти токму Бабунски. Имено напаѓачот доби шанса од пенал во 8 минута, но неговиот удар беше прочитан од Николај Михаилов кој своевременоо беше дел од премиерлигашот Ливерпул.

Во вториот дел и Левски доби најстрога казна, меѓутоа Боруслав Цонев не успеа да ја затресе мрежата на гостите.

Ѓоко како и Дориан ги одиграа сите 90 минути. Левски со 18 бода е на 8 место, Ботев Враца со 12 е на препоследната 13 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни