Бабунски: Ова беше само првиот дел од двомечот, во Скопје ќе се покажеме во подобро издание

fk vardar

Екипата на Вардар доживеа пораз од Пјуник на првиот меч од квалификациите за Лига Европа со што си ја отежна работата пред реваншот кој е на програмата наредната недела во Скопје.

Поранешниот македонски шампион загуби со 1-0 со погодок во првиот дел, но тренерот Бобан Бабунски е убеден дека оваа негатива е достижна и вети многу подобар, поквалитетен фудбал од неговите избраници.

– Знаевме дека нè очекува тешка задача и така се покажа. Меѓутоа ова е само прв дел од двомечот. Искрено се надевам дека во Скопје ќе се покажаме во подобро издание. Шансите се присутни, нема да се предадеме, ќе се обидеме добро да се подготвиме и дојдеме до разултат кој ќе нè однесе во следната рунда, -истакна на пресот по натпреварот Бабунски.

Facebook Коментари