Бабунски ја продолжи соработката со Јокохама Маринос

david babunski

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски и во наредниот период ќе биде дел од јапонскиот прволигаш Јокохама Маринос откако на задоволство на двете страни беше продолжена соработката.

Давид дојде во оваа средина на почетокот на минатата година, имаше добри настапи и со Јокохама стигна до финалето на Купот на Императорот во кое тој и соиграчите загубија од Церезо Осака со 2:1.

Пред да игра во Јапонија Бабунски го носеше дресот на Црвена Звезда и на шпанскиот великан Барселона.

Facebook Коментари