Бабунски ја потврди победата на Омија Ардија (Видео)

babunski

Македонскиот интернационалец, Давид Бабунски беше стрелец на уште еден гол за тимот на Омија Ардија во втората јапонска лига.

Бабунски доби шанса во самиот финиш поточно во 82 минута, но тоа воопшто не му беше проблем и во судиското продолженија ја начна мрежата на Ависпа Фукуока за конечни 3-0. Ова за Омија беше 20 сезонска победа и на три кола до крајот на шампионатот се наоѓа на второто место во табелата со 72 бода или два повеќе во однос на третопласираната Јокохама.

Ако ја задржи оваа позиција тогаш Омија ќе се врати во првата лига на Јапонија.

Facebook Коментари