Поврзете се со нас

Балкан

Бабунски донесе победа за Ботев, прва по цели четири месеци (Видео)

Објавено

на

Продолжува одличната голгетерска форма на новопечениот македонски репрезентативец, Доријан Бабунски кој блеска во дресот на Ботев Враца.

25 годишниот напаѓач се прероди по неговиот трансфер во Бугарија и со одличните настапи си заработи место и во националниот тим предводен од селекторот Благоја Милевски.

Доријан Бабунски денеска стрелаше за Ботев Враца во минималната победа од 1:0 над Берое, прва за неговиот тим по пауза од цели четири месеци.

Инаку, ова за Бабунски беше вкупно осми сезонски погодок со кој се наоѓа при врвот на табелата на најдобри стрелци во бугарскиот шампионат.

Во текот на вчерашниот ден Бабунски доби и признание за најдобар напаѓач на Ботев за 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни