СЕХА лига
Бабиќ се пожали: Овде нема услови за игра, ова не е спорт за 21 век…

Тимот на Еурофарм Пелистер со победа го започна настапот во новата сезона во СЕХА лигата, но тренерот Жељко Бабиќ токму овој прв успех во регионалното натпреварување го засени со критиките за Битолчани, поточно за оние што се грижат за салата „Боро Чурлевски“.
Според хрватскиот стратег ова што се случува не е нормално, односно нема нема никакви основни услови во салата ниту за тренирање, ниту за играње на натпревари.
-Сакам да испратам една порака до битолчани, овде нема никакви услови за игра. Температура во која игравме и тренираме не е нормална. Ова не е за спорт за 21 век. Битолчани велат дека многу го сакаат ракометот, но тоа мене не ми го покажуваат мене, како тренер и на играчите кои се смрзнуваат и кои не можат да ја држат топката, -истакна Бабиќ кој во однос на средбата со Металопластика пак порача:
-Металопластика остави навистина силен впечаток, тие одиграа динамичен натпревар. Чувствувам дека во моментов имаме повеќе индивидуален квалитет, повеќе искуство на клупата како играчи како Стјепановиќ, кој можеше да скокне и помогне кога ни беше потребно, -рече Бабиќ.

- Германијапред 22 часа
Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)
- Англијапред 23 часа
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)
- Италијапред 22 часа
Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А
- Шпанијапред 22 часа
Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!
- Германијапред 20 часа
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)
- Италијапред 24 часа
Балардини: Интер е најдобра екипа во Серија А, ние имаме една цел
- Италијапред 21 час
Историја во Италија: Судијата Орсато утре ќе урне една голема фудбалска бариера во Серија А
- Италијапред 22 часа
Меџорини се кандидираше за наградата „Пушкаш“ (Видео)