Поврзете се со нас

Европски купови

Бабиќ: Се надевам дека желбата за победа ќе биде поголема од настанатите проблеми

Објавено

на

blank

Битлоски Еурофарм Пелистер загуби на премиерата во новоформираната Лига Европа на ЕХФ од тимот на ГОГ, но по долгата пауза и многу проблеми кои ги имаше нашиот претставник, сега пред битолчани е првиот натпревар на домашен терен.

Пелистер утре ќе го пречека Кадетен Шафхаузен во познатата ракометна сала во Битола, а тренерот Жељко Бабиќ се надева дека мотивот ќе биде доволно голем за да се надминат сите проблеми со кои се соочија тој и неговите играчи во изминатиот период.

– Тешко е да се зборува за тоа во каква е состојбата нашиот тим. Сите ракометари се вратија од ЕХФ неделата, добар дел имаа обврски со репрезентациите, а за жал доста ракометари беа заразени со коронавирус и не можеа да тренираат.

– Се собравме пред само три дена, одработивме неколку тренинзи исе обидовме во овој краток период да се подготвиме и да го анализираме Кадетен.

– Верувам дека со нашиот карактер и желба ќе надоместиме тоа што не можевме да го направиме со изработени тренинзи во изминатиов период. Кадетен е цврст тим со одличен против напад, најважно ќе биде да бидеме трпеливи и да ги чекаме нашите шанси, а секако и да ги користиме, – изјави Бабиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен се игра утре во 18:45 часот, а во вечерниот термин Металург ќе му гостува на Адемар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни