Поврзете се со нас

СЕХА лига

Бабиќ по новиот пораз од Мешков Брест: Разликата во квалитет е голема

Објавено

на

Македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер доживеа уште еден пораз од Мешков Брест и со тоа го заврши настапот во СЕХА лигата, односно не успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир во Задар.

Белорускиот преставник и на втората средба имаше се под контрола, одново славеше со четири разлика (35-31) и на тој начин остана во трка за пехарот во ова натпреварување. Тренерот на Пелистер, Жељко Бабиќ спортски го призна поразот во овој двомеч порачувајќи дека разликата во квалитет е преголема во овој момент.

-Честитки до Мешков Брест за победата. Има голема разликата во квалитет меѓу тимовите кои играат во Лигата на Шампионите и оние од Лигата на Европа. Мотор е посилен од Татран, Веспрем од Нексе, Мешков од нас… Квалитет на играта е различен, тоа влијае врз резултатот. Би благодарам и му посакувам среќа на Брест на следните натпревари, -порача Бабиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни