Поврзете се со нас

Европски купови

Бабиќ: Немаме што да загубиме против лидерот во Бундеслигата

Објавено

на

Еурофарм Пелистер пропушти да оставри прва победа во Лигата на Европа минатат седмица, откако во речиси добиен меч, на крајот мораше да се задоволи само со реми против Кадетен Шафхаузен.

Огромниот пад во вториот дел беше пресуден за избраниците на Жељко Бабиќ, кој во најавата за новата пресметката во Европа нагласи дека коронавирусот остави трага во тимот, што најдобро се отсликува со перформансите на тимот во вториот дел против Кадетен.

За разлика од претходниот меч, пелистерци сега ќе имаат уште потешка задача, бидејќи му гостуваат на лидерот во Бундеслигата, Рајн Некар Левен.

– Имавме корона во нашиот тим и тоа што се случи е нормално. Не ме загрижува падот во вториот дел против Кадетен, тоа е нешто што можеше да се очекува. Игравме добро прво полувреме, но паднавме физички и тоа се почувствува на теренот. Момците дадоа се од себе, но времето вон тренажен процес и коронавирусот го направија своето.

– Сега ни следи Рајн Некар, тим кој е апсолутен фаворит во дуелот и лидер во Бундеслигата. Нема од што да се плашиме, се надевам дека ќе бидеме цврсти во одбрана како и секогаш. Треба да влеземе опуштено во мечот и да го дадеме максимумот. Немаме што да загубиме, – порача Бабиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни