Поврзете се со нас

Европски купови

Бабиќ: Не успеавме да уловиме „голема риба“

Објавено

на

blank

Тимот на Еурофарм Пелистер не успеа да му се спротистави на Магдебург и доживеа убедлив пораз од 32-24 во првиот меч од осминафиналето на Лигата на Европа.

Гостите од Германија беа доминантни во Битола, па тоа го натера домашниот тренер Жељко Бабиќ да признае дека згреши кога претходно порача дека Магдебург ќе има пеколна задача, односно оти немал среќа околу противникот во оваа фаза.

-Честитки до Магдебург за победата. Започнавме пребавно за овој тип на натпревар, бевме предвидливи, а кога играте против ваква екипа знаете дека ќе бидете казнети. Во овој период од сезоната играме и можеби затоа ја загубивме силата. Сепак треба да се напомене дека игравме против одлична екипа, јас го следам германското првенство, тие се тим е составен од голем број медалисти од големите натпреварувања.

-Не очекува дуелот со Вардар во домашниот шампионат, а потоа возвратниот дуел во Германија. Штета што не успеавме да уловиме голема риба како што најавивме, -истакна тренерот Бабиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни