СЕХА лига
Бабиќ ја посочи клучната причина за победата на Пелистер над Партизан

Составот на Еурофарм Пелистер имаше победнички старт на новата сезона во СЕХА лигата и тоа во Србија каде славеше над повратникот во ова натпреварување Партизан со 25-23.
Ова беше дуел во кој мотивираните домаќини дадоа се од себе за да дојдат до позитивен резултат, но искуството, квалитетот беше на страна на македонскиот претставник кој знаеше како да одговори кога беше најпотребно.
-Морам да кажам дека беше навистина одлично овде да се игра. Тешко, но одлично чувство во целина. И нашите и навивачите на Партизан беа навистина неверојатни во овој натпревар. Чувствувам дека во тие клучни моменти од натпреварот успеавме да испорачаме добра дефанзивна претстава. Бевме ментално силни во тие најважни минути и тоа според мене е причината за оваа победа, -истакна тренерот Жељко Бабиќ.
И бекот Јосип Периќ беше задоволен од остварениот триумф во Белград.
-Чувствувам дека навистина можеме да бидеме среќни со оваа победа. Партизан ни пружи силен отпор, неверојатна атмосфера. Беше задоволство да се игра овде. Очигледно сме навистина задоволни од оваа победа во Белград, -порача Периќ.
„Фармецевтите“ во наредното коло го пречекуваат Татран Прешов.
-
Англијапред 20 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 13 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 21 час
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 13 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 20 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 20 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика