Светски првенства
Бабак го посочи клучот за поразот: Ги имавме Македонците…..

Томаш Бабак беше еден од најдобрите играчи на Чешка на двата бараж дуели за пласман на Светското првенство, па откако изјави дека шансите се 50:50 по првиот меч кој се одигра во Злин, сега имаше збор пред чешките новинари и по поразот во Скопје.
Македонија ја искористи огромната поддршка од навивачите и ракометарите имаат ветер во грб во победата од 27:25, триумф кој ни го продолжува континуитетот на големите ракометни натпреварувања.
На спротивната страна, Чесите доживеаја ново големо разочарување кога се во прашање Светските првенства, и тоа само три месеци по извонредното издание на Европското првенство каде одиграа и реми со подоцнежниот шампион, селекцијата на Шведска. Бабак за домашните медиуми порачал дека тешко е да се прифати поразот од Македонија, особено кога тој и соиграчите дојдоа на само еден гол од реми кое ќе ги однесеше на мундијалот.
– Секако дека се надевавме дека ќе извлечеме подобар резултат од првиот натпревар во Злин. Ќе беше подобро да победевме дома, но стигнавме до реми и знаевме дека имаме шанса.
– Одигравме добро и во Скопје, но за жал потфрливме во клучните моменти од средбата. Тоа е вистинска штета, знаевме дека ги имаме Македонците, но на крајот не успеавме, – жали Томаш Бабак.
-
Англијапред 14 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 12 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 13 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 7 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 15 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 11 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Шпанијапред 9 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ