Поврзете се со нас

АТП

Азаренка го напушти теренот поради студ: Јас живеам на Флорида, тука има 8 степени! (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал ги оцени условите на Ролан Гарос како екстремни оваа година, бидјеќи влажното и студено време ќе претставува голем проблем за сите учесници на невообичаеното издание на Френч Опен.

Грен-слемот кој се игра во летни услови во Париз сега започна во есен, па уште во првиот натпреварувачки ден се исполнија предвидувањата на светскиот рекет број два.

Како што стојат работите, дождот ќе им прави многу проблеми на организаторите и играчите, а прва која јавно се пожали за условите во кои се игра грен слемот е грен слем шампионката, Викторија Азаренка.

Белорусинката лесно се пласираше во втората рунда откако ја победи Ковиниќ со 2:0, но не остана рамнодушна кога мечот беше прекинат поради дожд.

Судијката побара од двете тенисерки да останат на теренот бидејќи се очекува брзо продолжување на истиот, но Азаренка одби такво нешто и си замина на топло во соблекувалната.

– Нема да чекам тука неколку минути бидејќи ми е навистина ладно. Тука има 8 степени, јас живеам на Флорида и научена сум на топло време. Која е поентата да седиме тука, ова е смешно, – порача Азаренка која се упати кон соблекувалната откако доби зелено светло и од својата противничка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни