Азар воодушевен од новиот соиграч: За мене е најдобро кога имам таков партнер!

azar-jazik1

Еден Азар беше најзаслужен што Челси успеа да оствари комотна победа од 3:0 над Вест Бромвич Албион, не само поради двата гола кои ги постигна, туку и поради начинот на кој се движеше и начинот на кој го користеше секој слободен простор кој му го овозможуваа противниците.

Белгиецот се прикажа во своето најдобро издание во моментите кога Антонио Конте се наоѓа под сериозен притисок, а по натпреварот му испрати и доста директна порака на својот менаџер дека за неговиот стил на игра, најдобар партнер во нападот му е играч со карактеристики на Оливие Жиру.

Ѕвездата на Челси не штедеше комплименти за својот нов соиграч, особено за пивот играта во шеснаесетникот која него му остава голем простор за движење.

– Жиру е навистина феноменален пивот напаѓач, еден од најдобрите во Англија. Кога му ја подаваме топката на него, тој може да загради и јас, Вилијан или Педро да го опкружиме и да отвориме на различни страни. Тоа е многу добра карактеристика и голем плус за нас во играта. Навистина уживав играјќи заедно со него. Но, не е само тој во тимот, тука е и Мората, – порачал Азар за „Скај Спортс“ кој во продолжение признал дека повеќе му одговара да игра со напаѓачи како Жиру.

– Мислам дека играч како Жиру е најдобра опција за мене. Кога ќе му ја додадам топката, можам веднаш да одам напред и да се отворам. Без топка секогаш сум побрз и така го постигнавме првиот гол. Со таква игра може да ја правиме разликата, – смета Белгиецот.

 

Facebook Коментари