Поврзете се со нас

Шпанија

Азар со оценка за неговата епизода во Реал: Можам да кажам…

Објавено

на

Foto:instagram.com/hazardeden_10

Еден Азар мина четири години во дресот на шпанскиот великан Реал Мадрид и тоа во периодот од 2019 до 2023 година, период во кој клубот ги освои сите важни титула на домашната сцена и Европа.

Меѓутоа придонесот на Белгиецот беше минимален, скоро никаков и најдобар доказ за тоа се само седумте постигнати голови. Тој се мачеше се повреди, а кога беше фит и подготвен многу ретко беше во прв план, односно ретко добиваше шанса, а кога тоа ќе се случеше најчесто не ја искористуваше или одновно ќе се повредеше и постојано некако се се вртеше во круг.

Сепак без разлика на се Азар гледа позитивно на таа епизода со која си го оствари сонот.

-Тоа беше мојот сон. Можам да ви кажам дека тоа беше мојот сон, дури иако приказната не беше толку добра со повреди и тоа и она. Кога ќе погледнам наназад и ќе видам неколку слики од мене како го носам белиот дрес на Реал Мадрид, тоа ме прави горд, -порача Еден за „Стандард“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни