Поврзете се со нас

Свет

Азар се врати на „Стемфорд Бриџ“ и постигна гол од слободен удар (Видео)

Објавено

на

„Сокер Еид“ организираше хуманитарен настан на „Стемфорд Бриџ“ и собра големи фудбалски ѕвезди од минатото, а највпечатливо беше враќањето во Лондон на Еден Азар.

Белгиската суперѕвезда се врати на добро познато место и беше најдобар поединец во тимот на светот, кој на крајот загуби со 6:3 и домашниот тим на Англија.

Азар беше стрелец на еден од трите гола за поразениот тим и успеа да погоди од слободен удар, а покрај него, во листата на стрелците во тимот на светот се запиша Алесандро Дел Пјеро.

Генерално гледано, Азар беше најактивен играч на теренот и изгледаше незадржливо за своите ривали, бидејќи покрај постигнатиот гол, се истакна и со својата подвижност и фудбалска визија.

Еден стави крај на својата фудбалска кариера пред точно една година, но според виденото на „Стемфорд Бриџ“, се уште има насмевка на лицето кога ќе излезе на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни