Поврзете се со нас

Свет

Азар се сретна со собирачот на топки после 11 години, малото момче сега „тежи“ 40 милиони фунти (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/hazardeden_10

Еден Азар најдобрите фудбалски денови ги имаше во Челси и тогаш важеше за убедливо најдобар играч во Премиер лигата, години кои му овозможија да си го исполни својот сон и да потпише за Реал Мадрид.

Белгиецот нема по добро да го памети својот престој во шпанската престолина и значителниот пад во формата го натера да стави крај на кариерата, но сега кога има многу слободно време, Азар се одлучи за една посета која стана посебно интересна.

Верните фудбалски фанови сигурно се сеќаваат на инцидентот од 2013-та година кога Еден Азар удри мало момче кое собираше топки, потег за кој Белгиецот заработи црвен картон и кој сега повторно стана актуелен поради средбата која ја имаше Белгиецот со Чарли Морган.

11 години подоцна, Еден го посети Морган и го рекламираше пијалокот со кој Англичанецот стекнал огромно богатство (Ау водка), па сега се проценува дека „тежи“ 40 милиони фунти.

Чарли е син на поранешниот газда на Свонси кој исто така е милионер, но некогашниот собирач на топки целото свое богатство го стекнал самостојно и тоа направи средбата со Азар да биде уште поуникатна.

– Убавата работа во пензионирањето е што може да се сретнете со стари пријатели. Пријателе Чарли Морган, си изминал голем пат во изминатите 11 години, – порача Азар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни