Поврзете се со нас

Шпанија

Азар: Реал е „фалбаџиски“ клуб, а јас не сум таков човек!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Еден Азар направи ексклузивно интервју за „Лекип“ и не остави никого рамнодушен со своите одговори, па иако не пропушти да нагласи дека уживал во Реал Мадрид кој е најголем клуб во светот, не пропушти да нагласи дека не прилегал на неговата фудбалска природа.

Азар бил свесен дека Реал не е вистинско место за него според стилот на игра, но едноставно сакал да си го оствари сонот и да заигра за клубот за кој играше неговиот идол, големиот Зинедин Зидан.

– Сега ми е многу полесно да зборувам кога не сум дел од фудбалот. Од мали нозе го сакав Зидан, се се вртеше околу Зидан и затоа го засакав реал Мадрид. Го засакав клубот, белата боја, „Сантијаго Бернабеу“. Реал е уникатен и посебен клуб, навистина е специјален.

– Сепак, гледајќи само за мене, јас и клубот не си прилегавме. Реал е малку „фалбаџиски“ клуб, а јас не сум таков. Дури и играта која ја имаше Реал не ми се допаѓаше во споредба со други тимови, но морав да си го исполнам сонот. Не можев да ја завршам кариерата без да заиграм за Реал Мадрид.

– Реал Мадрид е најголем во секоја смисла на зборот и затоа има огромен притисок. Не е лесно да се игра во Реал, а мене не ми помогнаа и повредите. Имав повреди во најкритични моменти. Имав операции, се враќав, давав се од себе, а потоа пак се повредував. Моето тело не издржа, повредите ме победија. Со текот на времето го загубив местото, ја загубив самодовербата, а потоа и желбата за игра. Најмногу ми е жал за навивачите на Реал, ги разочарав и свесен сум за тоа. Кога дојдов во Реал, тие беа полни со очекувања од мене, се чувствувам како да ги изневерив и затоа имам желба да им порачам една работа: Не беше моја вина, телото ме изневери. Се обидов, но не функционираше, навистина ми е жал, – вели Азар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни