Поврзете се со нас

Свет

Азар покажа дека се уште поседува магија во нозете на натпреварот на кој играа и Кака, Дрогба, Макелеле, Вилја и Роберто Карлос (Видео)

Објавено

на

„Натпреварот на надежта“ кој вчера се одигра во Катар направи да видиме на едно место големи фудбалски ѕвезди како Кака, Азар, Давид Вилја, Дрогба, Роберто Карлос и Макелеле, но и тренери како Арсен Венгер и Антонио Конте.

Забавата беше загарантирана и тимот кој го предводеше Азар победи со 7:5, а токму Белгиецот беше задолжен и за најдобрите потези на фудбалскиот терен.

Еден реши да се пензионира на крајот на минатата сезона како последица на незгодните повреди кои го оддалечија од највисоко ниво, но со тоа што го понуди вчера, Азар покажа дека се уште поседува магија во нозете.

Иако видно побавен и малку здебелен, Азар во голем број наврати имаше решение за своите чувари и беше убедливо најдобар играч на теренот, па медиумите направија и мала компилација од неговите најдобри потези.

Еден успеа да постигне и еден гол и да запише асистенција до Давид Вилја, а имаше и еден импресивен дриблинг во противничкиот шеснаесетник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни