Поврзете се со нас

Свет

Азар објасни зошто не би се снашол под водство на Гвардиола: Би му рекол „дали си луд“

Објавено

на

Пеп Гвардила важи за фудбалски перфекционист во буквална смисла на зборот, па често неговите фудбалери знаат да добијат и необични задачи за да одговорат во целост на неговите замисли.

Шпанскиот стручњак повремено бара од одредени фудбалери да стојат само на една позиција на теренот и од тоа да профитираат другите соиграчи околу него, а ваквите негови сфаќања му донесоа огромни успеси во Барселона, Баерн Минхен и сега во Манчестер Сити.

Гвардиола изминатата сезона ја освои историската триплета со Сити и ги замолкна сите критичари кои од него ја бараа титулата во Лигата на шампионите, па иако е надалеку ценет и од играчи кои никогаш не соработувале со него, Еден Азар смета дека тој не би се снашол во концептот на шпанскиот стручњак.

Белгиецот беше воден од големи тренери како Мурињо, Зидан и Анчелоти, но сега вели дека тој не би можел да одговори на сите барања кои ги има Гвардиола како тренер.

– Не сум сигурен дека би можел да играм под водство на Гвардиола. Тој бара многу од играчите, а јас како играч сакав слобода. Ако бараш од мене да останам само на едно место, би ти рекол „дали си луд“.

– Гвардиола е најдобриот тренер во светот, не се сомневам во тоа, но не знам дали би успеал со него, не сум баш сигурен. Мене ми требаше слобода за да добивам натпревари, – објаснува Азар во разговорот со Оби Микел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни