Поврзете се со нас

Свет

Азар: Не гледам фудбал поради играчи како Халанд!

Објавено

на

Foto:instagram.com/hazardeden_10

Еден Азар беше гостин во подкастот на Оби Микел и зад себе остави голем број интересни одговори, а тема на разговор беше и најдобриот играч во Премиер лигата за минатата натпреварувачка сезона.

Азар во свое време беше најдобар играч во Англија и добро знае што значи таквиот примат, но иако максимално го почитува Ерлинг Халанд, Белгиецот тврди дека Норвежанецот не е тип на играчт кој ќе го натера да седне пред телевизорот за да гледа фудбал.

– Халанд е неверојатен играч, постигнува 50 гола во сезона без оглед на тоа дали игра добро, или лошо. Немав видено такво нешто, постигнува по три гола на натпревар. Во шеснаесетникот е незадржлив.

– „Златната топка“ сега се доделува на оние кои даваат најмногу голови. Халанд е генијален, ја освои Лигата на шампионите и ја заслужи „Златната топка“, но не е по мој вкус.

– Начинот на кој јас го гледам фудбалот е поинаков. Го почитувам Халанд, но не гледам фудбал поради играчи како него. Гледам фудбал поради играчи како Бернардо Силва, Де Брујне, Белингам и Грилиш, – порачува Азар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни