Поврзете се со нас

Шпанија

Азар му се обрати на Мбапе: Направи го она што јас не можев во Реал!

Објавено

на

Foto:twitter.com/BelRedDevils

Еден Азар пристигна како голема ѕвезда во Реал Мадрид и беше предодреден да одбележи една ера во „кралскиот клуб“, но наместо тоа, неговата етапа во шпанската престолнина ќе се памети по повредите.

Белгиската суперѕвезда не го пратеше среќата и повеќе беше во болницата на Реал, отколку на зелениот терен, а тоа до толку го фрустрираше, што реши да стави и крај на кариерата.

Азар сфати дека не ги оправда очекувањата и остана без желба да се докажува на друго место, но пет години по неговиот трансфер, Реал повторно купи фудбалер со слични карактеристики.

Килијан Мбапе игра по левата страна исто какошто тоа го правеше Азар, па во фамата која се крена по реализираниот трансфер во Реал, сега со коментар се јави и големото промашување.

– Направи го она што јас не можев брате, уживај играјќи за Реал и освојувај трофеи, – искрено му порача Азар на Мбапе, фудбалер со кого има изградено одличен однос надвор од теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни